Ценовникот и каталогот може да не се поставени поради промена на цени и лагер.
Цените може да НЕ се точни, ако сакате да направите порачка најдобро е прво да се консултирате за точноста на цените.
Нудиме голем број на компатибилни тонери за принтери од брендовите HP, Canon, Brother, Samsung и др, различни видови на рибони и мастила за инк-џет принтери.
Во наша сопственост моментално се 2 квалитета на тонери.
Тонерите под брендот Матрикс имаат висок квалитет и се согласни со сите европски стандарди.
Во продолжение ги наведуваме сертификатите:
• IECQ QC080000:2017 – Hazardous Substance Process Management System Requirements
– систем за управување со опасни материи
• ISO 9001 Quality Management – сертификат за контрола на квалитетот
• ISO 14001 Environmental Management – сертификат за поддршка на еколошките стандарди
• ISO/IEC 19752 – сертификат за број и квалитет на отпечатоци за монохроматски тонери
• ISO/IEC 19798:2017 – сертификат за квалитет и број на отпечатоци за колор тонери
• CE маркирање според европската директива: EMC Directive 2014/30/EU за стандардите: EN 55032: 2015, EN 61000-3-2: 2014, EN 61000-3-3: 2013, EN 55035: 2017
• ISO/IEC 17025: 2005 – сертификат за компетентност на лабораторија за тестирање и калибрирање.
• Сертификат: ISO/IEC 11160-2
• Сертификати: ISO/IEC 29142-1, ISO/IEC 29142-2, ISO/IEC 29142-3
Тонерите под брендот Win и Eко Принт имаат стандарден квалитет и се согласни со основните европски стандарди.
Во продолжение ги наведуваме сертификатите:
• ISO 9001 Quality Management – сертификат за контрола на квалитетот
• ISO 14001 Environmental Management – сертификат за поддршка на еколошките стандарди











Што е тонер и како функционира?
Тонерот е како гориво за ласерски принтер, колку е поквалитетен тонерот толку подолго ќе биде здрав принтерот.
Тонерот е составен од неколку цилиндри наречени ваљаци. Еден од нив е фотосензитивен (OPC drum) и прима негативно наелектризирани честички од ваљакот над него. Ласерот на принтерот претвара дел од тие честички во позитивни и на тој начин создава слика. Потоа еден ваљак го лепи прашокот на позитивните честички, додека друг ваљак го собира вишокот. Од тука OPC драмот ја префрла сликата на хартија, а потоа хартијата поминува низ 2 ваљаци кои со притисок и топлина го запекуваат прашокот на хартијата.
Зошто е важно тонерот да е квалитетен?
При горе објаснетата процедура дел од прашокот што останува како вишок, а ваљакот го собира и го враќа во резервоарот, прашокот може да се згрутчи или да не се залепи за ваљакот и да остане во принтерот, при што ќе ги оштети деловите на принтерот и принтерот ќе треба да се носи почесто на сервис.
Оргиналите тонери имаат прашок кој нема шанси или се многу мали шансите да остане во принтерот и да го оштети, додека компатибилните тонери во зависност од цената користат прашок кој ги зголемува шансите за оштетување на принтерот.
Поради тоа што прашокот е запечен на хартијата, бојата не се размачкува при допир со вода. Исто така листот најчесто е топол при излез од принтерот.
НАПОМЕНА: Бројот на отпечатоци декларирани за соодветниот модел на тонер се однесуваат при 5% потрошувачка, односно при принтање на текст со стандарден квалитет (документи, фактури и сл).
Што е рибон и како функционира?
Рибоните се користат во матрични принтери и калкулатор каси. Тој е составен од пластично “куќиште” и лента која ја содржи бојата. Пластичното куќиште ја врти лентата и ситни метални иглички ја притискаат лентата врз хартијата со што се создава отпечатокот.
Што е инк-џет мастило и како функционира?
Мастилото е течна боја која се истура во резервоарот на принтерот, а се користат за инк-џет принтери кои работат со испуштање на бојата врз хартијата. За ова се користат мали цевчиња кои ја праќаат бојата од резервоарот до главите на принтерот, на долниот дел главите имаат многу мали дупчиња низ кои пуштаат точки боја кога ќе добијат наредба преку електричен сигнал.
Поради тоа што бојата е течност, капки кои остануваат во главите после некое време се сушат и ги затнува, што го спречува принтерот да испринта убав отпечаток. За да се избегне ова затнување препорачливо е да се користи принтерот барем 3-4 пати неделно, односно да се принта барем по 1 лист на секои 2-3 дена. Доколку се затнат цевчињата, може да се активира нивно чистење во контролниот панел на принтерот преку компјутерот.