Нашиот тим постојано го прати развојот на пазарот и технологијата, па така кај нас може сезонски да се најдат различни модели на принтери.

Најголемиот дел од лагерот содржи мали и мултифункционални принтери од брендовите HP и Canon, покрај тие држиме и инк-џет принтери и матрични принтери.

fotokopirna hartija, kancelariski materijal, toneri mk, toneri skopje, printeri mk, printeri skopje
fotokopirna hartija, kancelariski materijal, toneri mk, toneri skopje, printeri mk, printeri skopje
fotokopirna hartija, kancelariski materijal, toneri mk, toneri skopje, printeri mk, printeri skopje
fotokopirna hartija, kancelariski materijal, toneri mk, toneri skopje, printeri mk, printeri skopje
fotokopirna hartija, kancelariski materijal, toneri mk, toneri skopje, printeri mk, printeri skopje

Што се ласер принтери и како функционираат?

Ласерските принтери се најчесто користените принтери и кај нас и во светот. Причина за ова се разните видови на принтери, има мали (домашни), средни (за компании кои не принтаат многу) и големи принтери, потоа се делат на црно-бели и во боја.

Сите овие видови принтери работат на ист принцип.

Во принтерот се монтира тонер (во некои принтери треба да се монтира и драм). Во самиот принтер се наоѓа ласер, кога ласерот ќе добие наредба од компјутерот тој почнува да претвара одредени негативни честички во позитивни и со тоа ја креира сликата. Потоа позитивните честички се полнат со прашок од тонерот и на крај хартијата се повлекува и на неа се лепи тој прашок за потоа да помине низ 2 ваљаци кои го печат прашокот и го соединуваат со хартијата за на крај да излезе документот со одличен квалитет.

Мултифункционални ласерски принтери се машини кои покрај принтање имаат и опција за скенирање/копирање и во зависност од моделот има можност и за факс.

Кликнете тука да дознаете повеќе за тонерите.

Што се матрични принтери и како функционираат?

Матричните принтери се доста постара технологија од ласерските принтери и ги има во се помал број. Тие се на некој начин наследници од пишувачките машини и работат на сличен начин, само подобро.

Матричните принтери не користат тонер туку рибон.

Во самиот принтер има мало кутивче наречено глава, на нејзе има метални иглички кои кога ќе добијат сигнал притискаат на лентата од рибонот, а таа лента ја допира хартијата, што значи игличките кога ја притискаат лентата оставаат отпечаток на листот во вид на точки и така излегува отпечатокот на матричен принтер.

За повеќе информации за рибони кликнете тука.

Што се инк-џет принтери и како функционираат?

Инк-џет принтерите се на некој начин нова генерација на матричните принтери. Подновени се со боја и брзина. Наместо иглички користат многу ситни дупчиња и наместо лента, се користат цевчиња.

Инк-џет принтерите во себе имаат пластична кутија наречена глава (во некои принтери е вградена, додека во некои е монтажна). Таа глава кога ќе добие наредба почнува да се движи лево десно во принтерот и преку ситни дупчиња на долниот дел, испушта боја врз хартијата во вид на многу ситни точки, тие точки го создаваат отпечатокот пуштен за принтање.

Поекономичните принтери доаѓаат со 2 глави (1 црна и 1 во боја) и можат да принтаат до 600 точки на инч (dpi), додека пак поквалитетните принтери имаат 4 или 6 глави (црна, жолта, сина, црвена, светлосина и светлоцрвена) и можат да достигнат и до 5000 точки/инч.
Во поделба на квалитет, има фото принтери кои користат посебна фото хартија, тоа овозможува фотографиите да излезат со најдобар можен квалитет. (овие принтери се наменети за личности или компании кои најчесто принтаат фотографии)

Зависно од моделот, инк-џет принтерите исто така имаат можност за скенирање/копирање.

За повеќе информации за мастилата кликнете тука.